Политика на приватност

Оваа изјава се однесува за приватност на податоците кои што се наоѓаат на интернет страницата www.kremona.mk и кои што се собрани при користење на истата и зачувани во базата на податоци na Кремона ДООЕЛ, Прилеп.

Кремона ДООЕЛ, Прилеп како давател на услуги на интернет страницата www.kremona.mk се придржува до сите законски прописи со цел да се заштити приватноста на корисниците.

Се советуваат крајните корисници да прочитаат се што е наведено на оваа страница за полесно да разберат кои информации ги собираме и како истите се користат.

Крајните корисници кои што имаат било какви прашања во врска со приватноста на податоците можат да испратат e-mail на следната адреса: info@kremona.mk

Крајните корисници се советуваат внимателно да ја прочитаат оваа изјава на приватност. Со пристапување и користење на нашата интернет сраница, крајниот корисник потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифатил сите услови за приватност на податоците и начинот на примена од страна на www.kremona.mk интернет страницата.

Доколку крајниот корисник не се сложува со оваа изјава на приватност, го упатуваме да ја напушти, односно да не пристапува и да не ја користи оваа веб страница.

Кремона ДООЕЛ, Прилеп може да ја промени оваа изјава на приватност во било кое време со објавување на изменетиот текст на изјавата на приватност на податоците во делот “Изјава на приватност„ на интернет страницата. Измената на изјавата на приватност стапува на сила веднаш по објавата на Интернет страницата.

Секој краен корисник самиот е одговорен и должен периодично да ја посетува оваа страница и да ги согледа промените во оваа изјава. Продолжување на користењето на оваа Интернет страница од страна на Крајниот корисник по стапување на сила на измените, подразбира дека Крајниот корисник ги потврдува и ги прифаќа сите услови на изменетата Изјава на приватност

Кремона ДООЕЛ, Прилеп собира информации кои што го идентификуваат специфичиот Краен корисник. Кога крајниот корисник ќе се вклучи во одредени активности на интернет страницата, како што се создавање на корисничко име, правење на нарачка за производ или услуга, пополнување на анкети, објавување на коментари, испраќање на повратни информации, Кремона ДООЕЛ, Прилеп може да побара од Крајниот корисник одредени информации за него како што се име и презима, адреса (вклучувајќи и поштенски број), e-mail адреса, телефонски број и код за авторизација и други поврзани информации. Кремона ДООЕЛ, Прилеп или нивниот давател на услуги за дитрубуција на производите, може исто така може да побара од Крајниот корисник увид во неговата лична карта, односно да побара согласност за скенирање на личната карта во моментот на испорака на пакетите при превземање на робата лично од страна на Крајниот корисник со цел да се евидентира кој го превземал пакетот т.е приложување на тој документ за Евиденција на купувачот на каталошната продажба

Вклучување во идентификациски активности и давање на лични податоци е одлука на крајниот корисник. Ако Крајниот корисник не ги даде тие задолжителни информации за одредената активност која што ги бара, нема да му биде допуштено вклучување во таква активност

Кремона ДООЕЛ, Прилеп нема да ги споделува личните податоци на Крајниот корисник со надовершни страни освен во случаи наведени во следната точка и во ситуација кога тоа го бараат законските прописи

Кремона ДООЕЛ, Прилеп ќе ги користи личните податоци за испраќање и диструбиција на административни и промотивни e-mail пораки, анализа на податоците. Кремона ДООЕЛ, Прилеп може да ги сподели личните податоци на Крајниот корисник со давателот на услугата за дистрибуција на производите за исполнување на нарачките, испорака на пакетите, испраќање на пораки и e-mail пораки

Крајниот корисник има можност да пристапи и да ги промени личните податоци кои што ги нуди Кремона ДООЕЛ, Прилеп. Крајниот корисник може да промени било кој од своите лични податоци со испраќање на e-mail порака на . Во таа e-mail порака Крајниот корисник треба да го наведе своето име и презиме, адреса и e-mail адреса т.е информациите кои што сака да ги надополни

Како услов за купување на производите на Кремона ДООЕЛ, Прилеп, бараме дозвола од Крајниот корисник за испраќање на Административни и Промотивни e-mail пораки. Доколку Крајниот корисник не сака да добива e-mail пораки во било кое време по регистрацијата може да ја одбере опцијата за откажување на добивање на e-mail пораки со испраќање на e-mail порака на или со одбирање на опцијата откажување од newsletter која што се наоѓа на секоја newsletter порака.

Кремона ДООЕЛ, Прилеп сериозно ги зема предвид заштитата на податоците и превземени се различни мерки на претпазливост за да се заштитат личните податоци. Нажалост, ниту еден пренос на податоците преку Интернет или било која бежична мрежа не може да биде 100% сигурен. Како последица од тоа, иако Кремона ДООЕЛ, Прилеп спроведува комерцијално разумни мерки за заштита на податоците не можеме да гарантираме заштита на било која информација пренесена на, или од www.kremona.mk Интернет страницата т.е не сме одговорни за активностите на било која трета страна која ќе ги прими тие информации.

Малолетните лица помлади од 14 години не смеат да ја користат Интернет страницата.

Започнете со пишување и притиснете ентер за да пребарувате

Потрошувачка Кошничка